Home Актуелно Уште еден силен земјотрес ја погоди централна Италија

Уште еден силен земјотрес ја погоди централна Италија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер повторно го погоди централниот дел од Италија. Станува збор за последниот од неколку десетици потреси кои денес го погодија Апенинскиот полуостров.

Според информациите од Европско медитеранскиот сеизмолошки центар, Италија ја погоди силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтер и V степени по Меркалиевата скала.

Тресењето на тлото се почувствувало во централнот дел од државата, со епицентар на околу 100 километри североисточно од Рим, на длабочина од околу 10 километри.

Апенинскиот полуостров, во последните 12 часа, го погодија дури 60 земјотреси, од кои неколку спаѓаат во групата на посериозни, кои влеваат страв и паника кај населението и имаат потенцијал да предизвикаат материјална штета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…