Home Спорт Уште еден Македонец во Серија А: Ване Тасевски потпиша за Сасуоло!

Уште еден Македонец во Серија А: Ване Тасевски потпиша за Сасуоло!

15-годишниот македонски фудбалер Ване Тасевски, кој живее во Пјаченца, потпиша четири годишен договор со Сасуоло.

Тасевски одигра неколку натпревари за кадетскиот тим на Сасуоло, а клубот од „Мапеи“ бил задоволен од неговиот настап веднаш му понудил договор на четири години и го добил неговиот потпис.

Ване Тасевски е дефанзивец, но негова посебна карактеристика е доброто изведување на слободни удари. Најпрво ќе почне да настапува за кадетскиот тим на Сасуоло од каде што ќе го прави пробивот кон првиот тим.

Тасевски е по потекло од Струмица и е член на македонската репрезентација до 16 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…