Home Спорт Урнебесно сценарио: Можно е ждребот да одлучува кој ќе оди во осминафинале

Урнебесно сценарио: Можно е ждребот да одлучува кој ќе оди во осминафинале

Денес во 16 часот се играат натпреварите во Групата Ц, каде за едно слободно место во осминафиналето ќе се борат Австралија и Данска.

Франција со 6 бода веќе е сигурен осминафиналист, а шанси за да го „чекираат“ преостанатиот еден билет имаат репрезентациите на Данска и Австралија.

Данска има 4 бода и денес игра натпревар со „триколорите“, додека Австралија има само 1 бод и ќе ги одмери силите со Перу.

Во оваа група може да дојде до такво сценарио, па на крајот со ждреб да биде одлучен осинафиналистот.

Имено, доколку Данска загуби со 2:1 од Франција, а Австралија победи со 1:0 двете репрезентации ќе имаат по 4 бода, реми на меѓусебниот дуел, па ќе одлучува фер-плејот, односно жолтите и црвените картони.

Но, доколку Австралија на денешниот натпревар добие еден жолт картон повеќе од Данска, тогаш ќе бидат израмнети и во тој критериум, па во таков случај со ждреб ќе се одлучи кој ќе патува во осминафиналето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…