Home Актуелно Ураганот Ијан цела Куба ја остави без струја

Ураганот Ијан цела Куба ја остави без струја

Буквално цела Куба остан без струја поради оштетување на електричната мрежа предизвикана од ураганот Ијан. Две лица ги загубија животите по налетот на невремето, а ураганот продолжи да се движи кон Флорида, пренесува Н1.

Земјата е „без услуга на електрична енергија“, соопшти кубанската државна електроенергетска компанија „Унион Електрика“ на Твитер.

Шефот на кубанската електрична компанија соопшти дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем претрпел целосен колапс бидејќи една од главните електрани не можела повторно да се приклучи на мрежата.

Две лица загинаа во ураганот, десетици илјади беа евакуирани, а бројни згради беа оштетени ширум земјата. Ураганот Ијан направи најголема штета во западниот дел на островот.

Жителите на Хавана ја минаа ноќта на улиците, шетајќи во целосен мрак, осветлени само од фаровите на автомобилите што поминуваа. Само мал број луѓе имале струја со помош на агрегати во земјата од 11.2 милиони жители.

Ураганот од трета категорија со ветрови од 195 километри на час сега се движи кон Флорида.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…