Автомобил излета кај тетовско Желино – нуркачи трагаат по возачот и евентуални други сопатници во водите на Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нуркачки тимови во текот на вчерашниот ден и денеска го пребаруваат речното корито на Вардар со надеж дека ќе го пронајдат возачот кој со возило голф 4 со кумановски регистарски таблички вчера околу пладне излета од патот кај Желино и падна во Вардар, пренесува Слободен печат.

Возилото беше извлечено од водите на Вардар со помош и поддршка од градежни машини вчера но без патници, и во тој момент не можеше да се утврди колку лица покрај возачот биле во автомобилот.

-До овој момент не е пронајдено лицето или евентуално лицата кои биле во возилото. Од 8 часот утрото продолжи пребарувањето на водите на Вардар, во што се вклучени полициски службеници на МВР, односно СВР Тетово. Се пребарува од двете страни, информираа од СВР Тетово.

Порталите на албански јазик јавуваат зад воланот на голфот бил 22-годишниот Е.Р. од Куманово и додаваат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче, но не е јасно дали бил сам или со уште некое лице.

Од Центарот за управување со кризи доцна вчера информираа дека до стемнување повеќе тимови се вклучени во потрагата низводно по течението на Вардар, а во водите влегува нуркачка екипа.

-Од 16:45 часот освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во претрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек, соопшти вчера ЦУК.