Home Актуелно Упаднал во ресторан и почнал да ги боде гостите – до смрт избодени три жени

Упаднал во ресторан и почнал да ги боде гостите – до смрт избодени три жени

Во белгискиот град Мореснет, во напад со нож во белгискиот град Мореснет, до смрт брутално беа избодени три жени.

Лицето кое го изврши овој грозоморен чин, маж вооружен со нож, упаднал во еден ресторан во центарот на градот и почнал да ги боде гостите.

Десетина од нив се повредени. На самото место пристигнале 11 хеликоптери, со кои биле префрлени повредените во болница. Нападот се случил околу 17 часот вчера попладне, а напаѓачот бил уапсен набргу потоа.

Точниот број на повредени се уште не е објавен, ниту сериозноста на повредите. Полицијата тврди дека не станува збор за терористички напад. Напаѓачот наводно бил бивш дечко на една од гостинките кои се наоѓале во ресторанот.Во тек е истрагата на местото на крвавиот напад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…