Home Актуелно Уништени 20.000 вакцини кои беа донација од Бугарија поради тоа што им истече рокот

Уништени 20.000 вакцини кои беа донација од Бугарија поради тоа што им истече рокот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека е многу тешко со сигурност да се каже во која насока ќе се движи епидемилогијата, но сепак надлежните институции и органи мора да бидат спремни за сите ситуации.

„Ние не можеме сите болници да ги претвориме во ковид центри, има пациенти кои имаат потреба и од други здравствени услуги. Затоа мораме да преземеме мерки, со цел повеќе граѓани да се вакцинираат, со оглед на тоа што 80 посто од хоспитализираните се невакцинирани, истакна Филипче.

Тој додаде дека сите вакцини, на кои им поминува рокот се уништуваат.

„Се уништија дел од бугарските вакцини, кои беа донација. Тоа е вообичаена недела пракса, за тие кои им истекува рокот. Се уништија околу 20.000 вакцини, а се тоа чинеше 200 денари, додаде првиот човек во здравството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…