Home Шоубизнис Уметник „до коска“: Еве што направил Драгојевиќ кога на концерт му дошле само пет луѓе

Уметник „до коска“: Еве што направил Драгојевиќ кога на концерт му дошле само пет луѓе

Во едно од неговите интервјуа, завчера починатиот сплитскиот пејач и балканска музичка легенда, Оливер Драгојевиќ, се присети и раскажуваше за еден од неговите концерти, закажан во Марибор, на кој дошле само пет лица.

Оливер тогаш свирел со Кемал Монтено, а двете легенди на турнејата еден месец делеле соба.

„Видов дека во публика има пет лица и му го кажав тоа на Кемал. Тој рече дека никогаш не бил во таква ситуација и дека не знае што ќе прави. Одлучив да ги земеме гитарите и да се спуштиме меѓу нив“ – објасни Оливер.

Така и направиле. Ги зеле гитарите, се симнале меѓу малкуте обожаватели во публиката и секого посебно го прашале што сака да чуе. Кога ги отсвиреле песните кои луѓето сакале да ги чујат, ги поздравиле и им ги вратиле парите за влезниците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …