Home Актуелно Украинците тврдат дека убиле висок руски генерал во борбите кај Харков

Украинците тврдат дека убиле висок руски генерал во борбите кај Харков

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина пренесува дека во борбите кај Харков е убиен генерал-мајор на руската армија.

„Уште еден пораз меѓу врвниот тим на армијата на окупаторската земја. За време на битките кај Харков, елиминиран е Виталиј Герасимов – руски воен командант, генерал-мајор, началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та армија на Централниот воен округ на Русија. Убиени се и ранети неколку високи офицери на руската армија“, соопшти Управата.

Виталиј Герасимов учествувал во Втората чеченска војна и руската воена операција во Сирија. Добил и медал „за враќање на Крим“, соопшти Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…