Home Актуелно Облачен и студен вторник

Облачен и студен вторник

Денеска, 8. март, вторник, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени. Маврово -3, Охрид, Битола и Крива Паланка 3, Берово 1, Кавадарци 5, Дојран 7.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…