Home Актуелно УЈП ја објави новата листа на должници

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.6  за 2017 за долгови доспеани до 28.2.2017 и неплатени до 31.5.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и

повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се наоѓаат повеќе од 4000 должници, а во горниот дел се истакнуваат: ЈПЦО Македонија пат Скопје, ЦОЈП за комунални дејности Гостивар, ЈП МРТ, 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп и други физички и правни лица.Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени на Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување

Царинска управа на РМ, Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02 3293 978 или 02 3293 971) за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…