Учесниците на „Парадата на гордоста“ ја поминаа рутата, Тамара Тодевски ги пречека во градскиот парк


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Парадата на гордоста“ која денес се одржа во Скопје помина без инциденти.

Толпата рутата ја започна од паркот „Жена Борец“ во центарот на главниот град и помина покрај Собранието и Владата, а во овие моменти во градскиот парк се случува музичкиот хепенининг. Таму ги пречека пејачката Тамара Тодевска која во нивна чест ја отпеа евровизиската „Proud“.

Рутата учеснициите ја поминаа со свирчиња, транспаренти и препознатливите знамиња во бои на виножитото. На парадата беше забележано присуство на гости од други држави како што се: Црна Гора, Србија, Грција, Хрватска, Словенија и Велика Британија.

На парадата се појавија минисетерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поранешниот пратеник Павле Богоевски и советкот Роберт Алаѓозовски.