Убиецот на младиот чаирчанец уште во бегство – полицијата трага по него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Три лица се приведени со сомение за учество во синоќешното убиство во Чари, во кое од кола беше пукано врз 24-годишно момче.

Оттаму не потврдуваат дали меѓу приведените е и убиецот. Во населбата Топаaна пронајден е автомобилот од кој од кој било извршено свирепото убиство. Министерот Спасовски вели дека полицијата работи на расветлување на инцидентот.

„Синоќешното убиство кое се случи во Чаир, работиме интензивно на групата во СВР Скопје заедно со обвинителството. Обезбедено е возилото со кое што превезувало лицето кое го извршилот убиството. Станува збор за застава југо и обезбедени се 20 чаури, два мобилни телефони, приведени се три лица, денеска се разговара со роднините и со пријателите кои биле во контакт со убиенито и очекуваме истрагата да го покаже мотивот.“ – изјави Изјава Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото. Во текот на следните неколку дена трагите кои беа подигнати од лице место ќе бидат предмет на обработка.

„Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан.“ – велат оттаму.

Младиот Б.И. веднаш бил пренесен во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Ургентниот центар. И по 45-минутна реанимација лекарската борба да се спаси животот на младото момче завршила безуспешно.

Граѓаните во страв и паника, велат дека се уплашени од она што се случува во населбата Чаир. Пред камера не сакаа да зборуваат. Ова е второ убиство во истата населба кога на сличен начин беше убиен Исмет Арифи. Од МВР велат дека се работи на расветлување на убиствата.