Убавото време е на повидок: Возењето велосипед со себе носи фантастични пет благодети


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Размислувате за тоа во распоредот на активности да го вклучите и вашиот велосипед? Не се двоумете и донесете позитивна одлука бидејќи благодарение на тоа, вашето тело ќе „профитира“. Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард на својата страна издвои 5 важни благодети од возењето на велосипед.

1. Ги чува зглобовите

Кога возите велосипед, целата своја тежина ја префрлате на силните коски на карлицата. Кога одите или трчате се префрлате на нозете поради што патат зглобовите. Возењето велосипед е добро за сите луѓе кои имаат проблем со болки во зглобовите или артитрис, цели др. Клер Сафран Нортон.

2. Ја осигува аеробната вежба

Аеробните вежби се карактеризирани со многу умерен интензитет и тие пред се се умерене на подобрување на здравствената состојба. Токму возењето на велосипед е фантастичен облик на аеробна вежба поради вртењето на педалите кои го подобруваат работењето на срцето и мозокот, а фантастично делува и на васкуларниот систем. Исто така постигнува лачење на ендорфинот, познат како хормон на среќа кој го подобрува нашето расположение.

3. Ги засилува мускулите

Со возењето ги користите сите мускули, а најмногу мускулите на задницата, квадрицепсот и мускулите во листовите. Поради исправената положба работат и абдоминалните мускули кои помагаат во балансирањето, а ги користиме мускулите на рацете и рамената.

4. Ги олесува секојдневните активности

Благодатетот во возењето велосипед се однесува на оддржување на рамнотежата, одењето, стоењето, издржливоста и одењето по скали, вели др. Сафран Нортон. Сите видови на физичка активност ќе станат полесни благодарение на возењето велосипед.

5. Помага во засилување на коските

Др. Сафран Нортон вели дека активноста како вртењето на педалите во кои телото мора да пружи отпор ја зголемуваат густината на коските. Намалената густина не е занемарлив проблем бидејќи може да доведе до остеопороза.

Медицинскиот факултет од Универзитетот Харвард советува пред почетокот на интензивното возење велосипед, да се консултираме со лекар ако имаме проблеми со срцето, артритисот и тенки коски.