Home Актуелно Уапсените руски агенти на ФСБ обвинети за шпионажа во корист на САД

Уапсените руски агенти на ФСБ обвинети за шпионажа во корист на САД

Руските власти денеска покренаа обвиненија против двајца агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и против еден вработен во компанијата за кибер безбедност Касперски поради предавство во интерес на САД.

Адвокатот на еден од обвинетите, Иван Павлов соопшти дека двајцата службеници на ФСБ, Сергеј Михаилов и Дмитриј Докучаев, кои биле вработени во одделот на Службата за кибер безбедност, се обвинети за соработка со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Михаилов и Докучев беа упасени лани во декември под сомнеж за шпионажа во полза на САД.

Вработениот во Касперски пак е уапсен под обвинение дека соработувал со двајцата агенти на ФСБ при нивното предавство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…