Home Актуелно Уапсени лицата кои хараа по тетовските цркви

Уапсени лицата кои хараа по тетовските цркви

Тетовските полициски служби целосно случаите со разбојништво кои во текот на овој месец беа извршени во православни цркви во Тетово, Копанце, Радиовце и Подбреѓе.

Сторители на овие дела се Џ.М. (22) од Тетово и 17-годишник од село Озормиште, тетовско.

Тие во разговор во полициска станица ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе виде поднесен соодветен поднесок.

Тие ги извршиле кражбите со насилно отворање на влезните врати или со кршење на прозорците, по што од каси, маси за продажба на свеќи или од икони одзеле парични средства во вкупен износ од над 6.000 денари, а причиниле и поголема материјлна штета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…