Home Актуелно Уапсен убиецот кој го изврши крвавиот напад и убиствата во Младеновац

Уапсен убиецот кој го изврши крвавиот напад и убиствата во Младеновац

Српските полициски служби го уапсија масовниот убиец Урош Б., кој синоќа уби осум и рани 13 лица во Маледновац, дознава српски „Блиц“.

По интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа убиецот е пронајден во Крагуевац. Како што пренесува Новости, тој наводно се криел кај својот вујко.

Урош Б. во селото Дубона кај Младеновац уби осум и повреди 13 лица. Избезумениот напаѓач пукал од автоматски пушки и пиштоли.

Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил и на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои поправале капија во еден двор.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец кој не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа побегнал и од синоќа по него трага повеќе од 600 припадници на српското МВР.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…