Home Актуелно Уапсен еден од најмоќните и најбарани мексикански нарко-шефови

Уапсен еден од најмоќните и најбарани мексикански нарко-шефови

Мексикански нарко шеф, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, беше уапсен вчера во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Станува збор за 69-годишниот Рафаел Каро Кинтеро, кој е уапсен во северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми.

Тој беше на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во Мексико, „Кики“ Камарена, во 1985 година, наведува ФБИ.

Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти. За првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико.

Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Но, набргу потоа мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…