Актуелно

Турција почна изградба на граничен ѕид со Иран за да спречи влез на авганистански бегалци

Турските власти дадоа наредба за започнување со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си.

Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција.

Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив.

Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.

To Top