Home Спорт „Црвено-црна“ рапсодија – падна германскиот шампион во Скопје

„Црвено-црна“ рапсодија – падна германскиот шампион во Скопје

Европскиот шампион Вардар продолжува со одличните партии во Лигата на шампиони, па вечерва во Скопје падна и германскиот шампион Рајн Некар (30:26).

Вардар комплетно го надигра најголемиот ривал во Групата А и сега е во пол-позиција за првото место кое води директно во четвртфиналето на Лига на шампиони.

Импресивна беше одбраната, која функционираше перфектно и против седумте играчи во напад на германскиот првак, а во нападот „црвено-црните“ беа беспрекорни па не се забележа отсуството на Лука Циндриќ.

Вардар тргна силно уште од самиот старт, во еден момент имаше и најубедливи седум гола предност (15-8), а на полувреме се замина со резултат 17-13.

Во второто полувреме Вардар не дозволи противникот да направи изненадување, ја одржуваше предноста за на крајот да слави со 30-26.

Најдобар стрелец за Вардар беше Вуко Борозан со седум голови, Чупиќ постигна шест, Криштопанс пет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…