На прв поглед, црвениот сако може да изгледа како многу храбар избор, особено во есен кога облеката природно се насочува кон потемни и пригушени нијанси. Сепак, оваа сезона правиме простор за посмели бои и впечатливи парчиња, па светло црвената може да биде одличен начин да ги освежиме класичните есенски комбинации и да им внесеме малку енергија.
Неговата разновидност дополнително доаѓа до израз преку различни кроеви и материјали. Класичниот црвен сако може да изгледа елегантно и софистицирано, кожниот модел носи доза на урбан карактер, додека црвеното одело е избор за оние кои сакаат бојата да биде главната ѕвезда на комбинацијата. Ова се три начини како еден од највпечатливите парчиња на сезоната да го вклопите во вашиот гардеробер.


Црвен сако за класични комбинации
Класичниот крој на сако во црвена боја е најлесниот начин да додадете ефект на едноставен аутфит. Црвената боја веднаш привлекува внимание и ја прави комбинацијата позабележителна, дури и кога е составена од основни парчиња како бела маица, црни панталони или класичен џинс. Сакото може да има струкиран крој за елегантен изглед или да биде пошироко и поопуштено ако сакате современа силуета. Со деловни панталони и кошула, црвениот сако може да изгледа многу софистицирано, додека со фармерки и едноставен топ ќе добие сосема лежерен карактер. Особено добро функционира со неутрални нијанси како црна, бела, беж и сива, бидејќи тогаш црвената останува централниот детал на комбинацијата.


Црвено одело за храбрите
За највпечатлив изглед тука е црвеното одело. Сакото и панталоните во иста нијанса создаваат заокружена комбинација која не бара многу дополнително стилизирање. Под сакото можете да носите едноставен топ, маица или кошула, додека обувките и аксесоарите можат да останат неутрални за оделото да ја задржи главната улога. Црвеното одело не мора да биде резервирано само за свечени прилики. Со рамни чевли, мокасини или дури минималистички патики може да добие поопуштен карактер, додека со чевли на потпетица ќе изгледа поелегантно. Ако сакате црвената да биде доминантна, најдобро е остатокот од комбинацијата да остане сведена и без премногу конкурентни детали.

Кожен црвен сако за урбан изглед
Кожниот црвен сако е наменет за нешто похрабар пристап кон стилизирањето. За разлика од класичниот модел, неговата текстура и крој веќе сами по себе даваат на аутфитот изразен карактер, додека интензивната боја дополнително ја нагласува неговата впечатливост. Може да се носи со едноставна маица и џинс кога сакате урбана дневна комбинација, но и преку фустан за нешто похрабар вечерен изглед. Црвениот кожен сако особено добро изгледа кога остатокот од аутфитот се задржува едноставен. Црни панталони, темен џинс, бела маица или целосно црна комбинација оставаат доволно простор сакото да биде главниот елемент. Ако сакате комбинацијата да изгледа модерно, можете да го носите и со широки панталони или сукња со миди должина, со што се создава интересен контраст помеѓу структурата на кожата и помеките силуети.


Извор: Lepota i Zdravlje