Црниот хумор од пожарникарот кој го гаснеше жестокиот пожар во Лондон стана вирален хит


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во стравичниот пожар во Лондон, според досегашните податоци, загинаа 12 лица, а се очекува таа бројка да расте. Херојска работа завршија пожарникарите, а твитот од еден од нив пред да пристапи кон гаснење на Гренфел кулата за да ја работи својата работа, стана вирален хит на социјалните мрежи.

Мик од Тотенхем на Твитер сподели фотографија од пожарникарски заштитен шлем на која е испишана порака со црн хумор која ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

„Знаеш дека ќе биде сè во ред кога ти кажуваат да го напишеш своето име на шлемот пред да влезеш внатре“, напиша под фотографијата со својот шлем и неговото име на него пожарникарот.

Британски The Sun го контактираше пожарникарот преку социјалните мрежи, но тој таблоидот го нарече „срање“.

Се верува дека од пожарникарските екипи се барало на своите заштитни шлемови да ги запишат своите имиња за да можат да бидат идентификувани во случај да се случи најлошото.