Црниот биланс се зголеми: Бројката на загинати од земјотресот во Турција и Сирија надмина 1.000 лица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фаталниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала со катастрофални последици ги опустоши јужна Турција и соседните Либан и Сирија.

Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

Со над 900 загинати во Турција и најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век на повеќе од 1.200.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека досега се спасени 2.470 луѓе, а поради земјотресот се урнати 2.818 згради. Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе.