Home Актуелно Црниот биланс од земјотресот во Турција и Сирија се искачи на над 3.000 загинати

Црниот биланс од земјотресот во Турција и Сирија се искачи на над 3.000 загинати

Фаталниот земјотрес со катастрофални последици кој вчера ги погоди Турција и Сирија резултираше со црн биланс од досега загинати над три илјади лица, јавува Ројтерс.

Според податоците на Управата за вонредни ситуации (АФАД) во Турција настрадале 1.762 лица, додека 12.068 се повредени.

Најмалку 1.293 лица настрадале во Сирија, според податоците на владата во Дамаск и спасувачите во северозападниот регион под контрола на бунтовниците.

Се очекува бројот на мртви и повредени дополнително да расте.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…