Црниот биланс од земјотресите се зголемува: Во Турција досега над 8.500 загинати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дали некој ме слуша? Има ли преживеани?“ – вака звучи гласот што живот значи, а кој трет ден одекнува низ урнатините на југот на Турција додека илјадници очајни граѓани чекаат добра вест, пред истекот на најкритичните 72 часа.

-Кого имате внатре? – Мајка ми и татко ми. , вели жителка на градот Хатај.

А, беспоштедната битка со бетонските блокови даваат резултат по безмалку 60 часа од страотните 7,8 рихтерови. Малиот Таник и мајка му рано утрината беа извлечени од под седумкатница во Адијаман.

-Како си? Браво, сега и мама ќе ја извлечеме. , вели спасувач.

Утрината 4-месечниот Дуру ја врати надежта во Газиантеп, а две годишниот Мухамед ја демонстрираше волјата за живот во епицентарот на катастрофата, Караман-мараш.

-Мухамед, за кратко ќе те извадиме. Издржи уште малку. Еве и водичка. , вели спасувач.

Паралелно со херојските подвизи, расте и бројот на жртви, кој во Турција надмина 8,5 илјади. Соочен бурата критиките за недостиг на ресурси и бавен одговор на кризата, претседателот Ердоган го посети најпогодениот регион. Призна пропусти во првичната реакција, а на илјадниците раселени им понуди сместување во хотелите во Анталија.

Никогаш нема да дозволиме наши граѓани да останат на улица. Мој народе, секогаш бевте трпеливи кога се случувале вакви катастрофи. Верувам дека и во оваа катастрофа ќе покажете трпение. , изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Трпението го губат и жителите од другата страна на граница, на северот на Сирија, каде спасувачките операции се отежнати поради граѓанскиот конфликт, а хуманитарната помош поради западните санкции. Според меѓународните организации, четири милиони се соочуваат со недостаток на храна и вода. 30-годишниот Самер загубил 12 члена од семејството. Преживеал само тој и двајца негови внуци.

-Се е урнато, немаат мајка, немаат татко. , вели жител на Џандаирис.

-Постојано слушаме гласови, но не можеме да ги извлечеме. Никој не доаѓа да ги спаси. Под урнатините ми е целото семејство. , жител на Џандаирис.

Почвата во регионот и натаму не мирува. Попладнево земјотрес од 5,5 рихтерови степени ја погоди областа на Малатија.