Почина еден пациент со цистична фиброза – гласно говореше во име на сите пациенти и бараше набавка на Трикафта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најтешко болните пациенти со цистична фиброза во Македонија, Благојче Илиевски, денеска ја изгуби битката со болеста. Благојче беше еден од пациенти кои гласно говореа за нивниот проблем и бараа да биде набавен лекот „трикафта“ со цел да водат нормален живот.

-Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно деца и млади со ЦФ, објавија од Асоцијацијата на Фејсбук.

Заради ова, додаваат, „нашиот револт, огорченост и потресеност се исклучително големи, особено затоа што како АЦФ лекот го бараме од 2020 година и апелиравме постојано за итноста од воведување современа модулаторна терапија“.

-Испраќаме длабоко сочувство до семејството, нема соодветни зборови за да ги утешиме, зашто Багојче се храбреше и не храбреше во напорите дека ќе го добиеме лекот „Трикафта“, а тој не го дочека, а за време на својот краток живот веруваше дека новата терапија ќе стигне на време, за да почне да живее понормално, за да може да биде присутен во животот на своите најблиски, наведуваат од АЦФ.

Министерството за здравство во изминатиот период ветуваше дека истиот ќе биде набавен, но за жал, Илиевски не го дочека.