Home Актуелно Црн рекорд во Русија: Најмногу починати во еден ден како последица од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Црн рекорд во Русија: Најмногу починати во еден ден како последица од Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Во последните 24 часа во Русија, како последица од Ковид-19 починаа 737 лица, што е највисока бројка на починати во еден ден од почетокот на епидемијата.

Заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 23.378 новоинфицирани со коронавирусот и во споредба со минатата недела, бројот на заразени на дневна основа е двојно зголемен.

Сепак, и покрај наглиот пораст на бројот на заразени, Кремљ вели дека не се планираат понатамошни рестрикции. Од почетокот на епидемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе биле заразени во Русија, а 139.316 починале.

Се верува дека бројките се дури и поголеми од официјално објавените.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…