Циркус на теренот: Им шибнаа три гола додека овие протестираа кај судиите за пеналот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Една од најбизарните ситуации кои сме ги виделе на фудбалските терени, а сме виделе прилично многу, се случи на еден фудбалски натпревар од виетнамската прва лига помеѓу екиите на Хо Ши Мин Сити и Лонг Ан.

Резултатот беше 2-2 кога судијата досуди пенал за домаќините Хо Ши Мин Сити, па почна долг протест на играчите од Лонг Ан до судиите за таквата одлука. Кога по неколку минути тегнење конечно дојде до изведување на пеналот, голманот едноставно му сврти грб на изведувачот и тој без мака ја смести топката во мрежата.

Бизарниот протест на гостинските играчи не запре тука, туку тие продолжија со истиот и по новиот почетен удар од центарот на теренот после голот, додавајќи им ја топката на домаќините кои повторно се прошетаа до противничкиот гол и постигнаа уште еден, втор, а потоа на ист начин и трет гол.