Home Актуелно Центар ќе го прочистува воздухот со кула висока седум метри

Центар ќе го прочистува воздухот со кула висока седум метри

Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, во интервју за порталот Фактор најавува дека во Центар ќе се постави најреволуционерен патент за прочистување на воздухот.

-Станува збор за еден од најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешницата. Според досегашните истражувања, како и со поставувањето на оваа кула во неколку од најзагадените градови во светот, докажано е дека таа прочистува 30.000 m3 воздух. Со поставувањето на оваа кула воздухот ќе се прочисти за неверојатни 70%- 75% , така што на граѓаните ќе им се обезбедат услови за намалување на штетните влијанија од загадениот воздух. Станува збор за објект кој е висок околу седум метри. Според нашите планови, кулата треба да почне да се гради во 2019 година. Во моментов активно се разгледуваат деталните урбанистички планови за да се утврди каде би било најсоодветно да се постави кулата, вели Богдановиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…