Home Актуелно Цените на горивата во Македонија ќе мируваат оваа недела

Цените на горивата во Македонија ќе мируваат оваа недела

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика денес на полноќ нема да има промена во цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар, „обичниот“ бензин по цена од 76,5 денари, дизел горивото ќе се продава и натаму по цена од 68,5 денари, додека нафтата за домаќинствата останува со цената од 68 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.

Регулаторната комисија потсетува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,04%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 %“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…