Home Вебкафе Целиот Балкан во шок: Маж во Хрватска ѕверски измачуван и држен како роб!

Целиот Балкан во шок: Маж во Хрватска ѕверски измачуван и држен како роб!

Хрватските медиуми објавија сторија за 36-годишен маж кој една ипол година бил во заробеништво од ромско семејство во хрватското село Драганич и притоа бил ѕверски измачуван.

Mалтретираниот човек покажувал многу слаби знаци на живот, кога во канал го пронашло друго ромско семејство, кое веднаш повикало брза помош и полиција. Премрзнат од студ, претепан и изгладнет, човекот е задржан во општата болница во Карловац.

И покрај тоа што на фотографиите тој изгледа како да боледува од некоја тешка болест, тоа не е така, тој бил роб, кого, татко и тројца синови тирански го измачувале. Тие му ги кршеле забите, со чекан го удирале по прстите, му кршеле коски и ребра и го изгладнувале.

Според информациите, тој бил роб кој го одржувал имотот на Ромите, за парче леб и неколку цигари.

Во селото никој нема храброст јавно да зборува за ужасниот случај. Полицијата повеќепати била на имотот на овие Роми, за кои се тврди дека го малтретирале целиот крај. Им ги труеле кучињата и им се заканувале на сите со убиство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…