Тројца загинати од ураганските ветришта во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку три лица страдаа во бурата „Себастијан“ во Германија, каде во северниот дел од земјата брзината на ветерот достигнала и до 130 километри на час. Бурата која во средата го погоди западниот и северниот дел на Германија, според метеоролозите се движи кон источниот дел на земјата.

Неколку региони во земјата излегоа со предупердувања до жителите да останат во своите домови се додека службите за вонредни ситуации не ги исчистат патиштата и не ги решат проблемите со електричната енергија.

Според противпожарните служби, тело на мажв во инвалидска количка било пронајденов во река, во градот Хамбург на северот на Германија. Меѓу загинатите е и еден пешак во истиот град, врз кого паднало скеле. Тој бил хоспитализиран, но им подлегнал на повредите.

Трета жртва, како што обајви полицијата е 53-годишен маж во градот Брилион. Врз сега веќе починатиот паднало дрво.