Замир Мехмети од „Шарена револуција“ стана неизвршен директор во „Македонски телеком“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Замир Мехмети, истакнат активист на Шарената револуција стана неизвршен директор во одборот на директори на „Македонски телеком“.

Мехмети е поранешен член на Советот за радиодифузија. Тој за време на минатогодишните протести поттикнати од аболицијата на претседателот Иванов беше член на групата од „Шарена револуција“ кои со пластични пушки наполнети со боја, ги боеја барокните фасади на државните институции од проектот Скопје 2014. Во една прилика беше задржан во полициска станица.

Замир Мехмети, како новинар на Макфакс го бркаше поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски за изјава зошто не си дава оставка, а овој му бегаше низ гаража, прескокнувајќи огради.

Владата која во сопственичката структура на „Македонски телеком“ учествува со 38,68 проценти, до компанијата испратила предлог Горан Трајановски да биде избран за главен и оперативен директор , а за неизвршни директори покрај Мехмети, предложени се Сашо Велевски, Дивна Ефтимовска и Анета Симеска. Досегашниот член Назим Буши треба да биде реизбран.

Новите членови на одборот доаѓаат на местата на Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев кои беа поставени на предлог на Владата на Никола Груевски.