Тројца џандари на еден човек: Шокантна снимка од полициска бруталност во Арканзас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тројца полицајци од Арканзас беа суспендирани во неделата откако на интернет беше објавена снимка на која се гледа како брутално го тепаат уапсениот Рандал Ворчестер, додека тој лежел неподвижен на земја.

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледаат тројца полицајци како го удираат уапсениот со тупаници во главата и го клоцаат неколку пати, пишува „USA Today“.

Во еден момент, еден од насилните полицајци забележува дека некој ги снима и почнува да му вика на лицето да престане.

Шерифот на округот Крафорд, Џими Даманте, издаде соопштение во кое вели дека полицајците ќе бидат суспендирани додека се чека истрага за инцидентот.

– Сите мои вработени се одговорни за своите постапки и јас ќе преземам соодветни мерки по ова прашање – рече Даманте.

Според полицискиот извештај, уапсениот му се заканил на момче кое работи во локална продавница, а потоа го ограбил. По апсењето и тепањето, Ворчестер бил однесен во локалната болница на евалуација и лекување, а подоцна бил префрлен во затворот во округот Крафорд во Ван Бурен, Арканзас.

Ворчестер беше обвинет под обвинение за кражба, давање отпор при апсење и терористички закани, соопшти државната полиција.