Трик кој ќе ви помогне да ја исчистите тастатурата – потребно ви е само шише од кечап


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можеби звучи чудно, но во прашање е прилично добар начин за темелно чистење на тастатурата.

Ако често го користите компјутерот, тогаш сигурно знаете колку вашата тастатура може да биде многу валкана. А по тоа прашање единствено што ви паѓа на памет е да ја истресите над кантата со ѓубре.

Меѓутоа, на тој начин нема ни приближно да ја исчистите колку што очекувате.

На сета среќа, постои едноставен трик кој ќе ви помогне темелно да ја исчистите, а потребно ви е само празно шише од кечап.

Еве како да ја исчистите тастатурата со помош на шише од кечап:

  • Извадете го врвот на шишето, оној пластичен дел низ кој кечапот тече во млаз.
  • Добро исчистете го со вода, и исушете го.
  • Прицврстете го за врвот на цевката од правосмукалката. Тоа ќе го држи капачето прицврстено.
  • Полека поминете со врвот низ дугмињата на тастатурата