Трифонов, друже, не е ова твоето ТВ шоу – ова е одвратна политика


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Иако беше победничка партија на последните парламентарни избори во Бугарија што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, а другите партии со 175 пратеници веќе се власт, изјави нејзиниот лидер Слави Трифонов.

-Бидејќи од неодамна сум во политиката очигледно не ги разбирам работите како што ги разбираат искусните политичари. Очигледно некои работи, како што се конзистентност, одржување на зборот, искреност, компромис, гест, почит, јавно овие работи се дел од нормалниот живот, но од политичкиот – не се – изјави Трифонов.

Тој призна дека „Има таков народ“ се обидела да направи малцинска влада, што бугарскиот Устав и го дозволува, но, таканаречените „протестни партии“ не им дале поддршка.

-Нашите потенцијални партнери имаа чувство дека нашиот предлог ја покажува „долгата рака на ДПС“. Сега, во евентуалниот трет мандат што ќе им го даде претседателот, нивното „чувство за долгата рака на ДПС“ исчезна и тие ја очекуваат нашата поддршка. Магија – истакна Трифонов.

Минатата недела, претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија и најави консултации со партиите застапени во парламентот, пред да биде предаден следниот мандат.