Home Актуелно Три деца и едно 11-месечно бебе најдени живи во џунгла 15 дена после авионската несреќа на авионот во кој патувале

Три деца и едно 11-месечно бебе најдени живи во џунгла 15 дена после авионската несреќа на авионот во кој патувале

Три деца и едно 11-месечно бебе беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урна во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага.

Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога автомобилот „Цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урнал во џунглата.

Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“, објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Причините за несреќата се уште не се утврдени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…