Home Спорт Трансферот на Обамејанг го предомисли Озил: Германецот потпишува нов договор

Трансферот на Обамејанг го предомисли Озил: Германецот потпишува нов договор

Трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Арсенал кој треба да биде официјализиран денес го убедил Месут Озил да потпише нов договор со „топџиите“.

Според „Билд“ Германецот веќе дал согласност, а самото потпишување на договорот ќе се сличи после Светското првенство во Русија. Се очекува Озил да добива 300.000 фунти неделно, што автоматски значи дека тој ќе биде најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Арсенал ја загуби другата ѕвезда на кого му истекуваше договорот, но успеа за Санчез да го добие Хенрих Михтаријан, а таквите трансфер потези му се допаднале на Озил.

„Билд“ пренесува дека 29-годишниот плејмејкер видел доволно амбиција на клубот за иднина и одлучил да остане.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…