Home Спорт Трансфер „бомба“ во најава: Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид

Трансфер „бомба“ во најава: Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид

Кристиано Роналдо стекна легендарен статус во Реал Мадрид, а пред две години го изненади фудбалскиот свет кога одличи да се пресели во Јувентус.

Синоќа Португалецот за прв пат се врати на „Сантиаго Бернабеу“ за да го подри својот поранешен клуб од трибините во „Ел Класико“.

Денес се огласи и шпанскиот новинар и добар пријател на Роналдо, Еду Агире, кој тврди дека разговарал со Португалецот.

Агире објави дека Роналдо бил среќен што успеал да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ да го гледа Реал, па наводно му кажал дека има желба да се врати во „кралскиот“ клуб.

„Со сигурност знам дека Кристијано сака да се врати во Реал Мадрид. Ја почувствува љубовата на сиот Мадрид кога се врати на Бернабеу, беше возбуден. Сега целосно е фокусиран на Јувентус, на Лигата на шампиони. Среќен е во Торино, но во фудбалот, никогаш не вели никогаш. Не знам што ќе се случи во иднина, никој не знае“, изјави Еду Агире

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…