Home Спорт Официјално: Ристовски и Мишевски се вратија во Вардар

Официјално: Ристовски и Мишевски се вратија во Вардар

Македонскиот и европски шампион Вардар денес потврди дека Борко Ристовски и Марко Мишевски ставија потписи на договори до крајот на сезоната.

Двајца нови играчи од денеска ќе бидат на располагање на тренерот Стевче Алушовски и до крајот на сезоната ќе го носат дресот на Вардар. На голманската позиција доаѓа репрезентативецот на Македонија, Борко Ристовски, а на бековската позиција „старо-нов” играч е Марко Мишевски.

Ова за Борко ќе биде трет престој во Вардар, претходно беше дел од црвено-црниот табор во периодот од 2001 до 2003 и од 2010 до 2012 година.

Мишевски пак е продукт на младинската школа на Вардар и до лани го носеше дресот на најтрофејниот македонски тим, но замина во Франција, поточно во тимот на Гренобл.

Фото: РК Вардар

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…