Трагичар на векот: Што те натера на ваков потег, црн Марсело? (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ дефинитивно ја потпиша капитулацијата на Интер на домашен терен против Сампдорија.

Интер се мачеше на Џузепе Меаца и со сите сили стремеше кон победа, а на крајот доживеа неочекуван пораз. И тоа благодарение на еден чуден момент и уште почуден потег на Марсело Брозовиќ, кому како да му се помрачи умот во тој миг.

Марсело направи прекршок за пенал во својот шеснаесетник во завршните минути од натпреварот, после шутот на Патри Шик од речиси 20 метри од голот на Хандановиќ. Потегот кој го направи хрватскиот фудбалер навистина е необјаснив, бидејќи со рака буквално ја запре топката и тоа за момент делува дека го направи намерно. Нема друго објаснување зошто го направи тоа, бидејќи околу него немаше ниту еден противнички играч.

1 COMMENT

  1. […] А она што Брозовиќ го направи во 84-та минута е за анализа од страна на некој експерт. Кој не го виде тој потег, неговата „генијалност“ може да ја погледне ТУКА. […]

Comments are closed.