Home Актуелно Трагедија во скопска Кисела Вода – до темел изгоре приватна куќа

Трагедија во скопска Кисела Вода – до темел изгоре приватна куќа

Во пожар кој се случи синоќа во скопската општина Кисела Вода, до темел изгоре куќата на Тони Атанасовски. Обезбедено е привремено сместување за сопственикот Атанасовски, а од општината најавуваат помош за повторна изградба на куќата.

На местото на настанот, како што информираа од општина Кисела Вода, бил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отецот Оливер од хуманитарната организација “Св. Спас”.

„Ова е траорна ситуација, тажна и многу потресна. Во наредниот период, сите хумани сили ќе ги насочиме кон помош на мојот сограѓанин Тони Атанасовски. Повторно ќе го изградиме неговиот дом. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за овој наш сограѓанин да не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен“, изјавил Ѓорѓиевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…