Трагедија: Убиен млад фудбалер во Франција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. Младиот фудбалер на Сен Етјен, Вилијам Гомис е убиен во францускиот град Ла Сен сир Мер од огнено оружје, пренесуваат француските медиуми.

Се уште не се разјаснети околностите во кои е убиен деветнаесетгодишникот, инаку роднина на познатиот фудбалер Бафетимби Гомис.

Вилијам Гомис досега нема заиграно за првиот тим на Сент Етјен, меѓутоа одигра 18 натпревари за Б-тимот во минатата сезона.

Францускиот клуб Сент Етјен се уште не се огласил по повод овој случај.