Home Спорт Трагедија: Се самоуби српски ракометар!

Трагедија: Се самоуби српски ракометар!

Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом така што си пукал со пиштол во глава, пренесуваат српските медиуми.

Во текот на самоубиството во домот била неговата сопруга, а неодамна овој 29-годишен ракометар доби и дете.

Бошковиќ пукал од пиштол кој легално го поседувал, а мотивите се уште не се познати.

Ракометарот роден во Сомбор за време на неговата кариера го носеше дресот на Копер, Макаби Тел Авив, Татабања и Динамо Букурешт.

Тој имаше и пет настапи со десет голови за репрезентацијата на Србија, а беше член на селекцијата на ЕП 2016 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…