Трагедија: 13-годишен голман почина среде натпревар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


13-годишен голман почина на натпрвар за младинци во Холандија и тоа при дуел со противничкиот напаѓач.

Сите натпревари на клубот на момчето, Херенберг се одложени овој викенд. Натпреварите од сите возрасни категории се одложени поради инцидентот кој се случи синоќа.

На официјалната стана на клубот, кој се наоѓа 120 километри источно од Амстердам објаснија што се случило: Момчето изгубило свест при дуел со противничкиот напаѓач и сите обиди на лекарите да му помогнат се покажале како неуспешни. Голманот веднаш бил пренесен во болница, каде само била констатирана смрт.

Холандската фудбалска федерација изрази жалење и најави дека ќе додели помош за семејството.