Home Спорт Тотенхем испрати понуда за ѕвездата на Реал Мадрид

Тотенхем испрати понуда за ѕвездата на Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето.

Особено после доаѓањето на Дани Себаљос минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па раководството на „кралскиот“ клуб реши да го стави Хрватот на трансфер листа.

И самиот Ковачиќ е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, особено поради фактот што следната година се игра Светското првенство па сака да се најде во хрватскиот тим.

Тактава ситуација е спремен да ја искористи Тотенхем, кој наводно испратил понуда од 25 милиони евра, па сега се чека одговор од Реал Мадрид.

„Кралевите“ за неговата слобода бараат најмалку 30 милиони евра, па останува да видиме дали двата клуба ќе постигнат договор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…