Тотенхем го договори првото засилување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Тотенхем го договорило првото засилување за следната сезона.

Станува збор за за играчот на Барселона, Андре Гомеш, кој оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Евертон.

Португалецот минатото лето пристигна на „Гудисон Парк“ и остави одличен впечаток со своите настапи, па го привлече интересот на неколку европски гиганти.

Евертон сакаше да го задржи Андре Гомеш, но „карамелите“ не можеа да се изборат со конкуренцијата, а и самиот фудбалер сакаше трансфер во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Последните информации говорат дека Тотенхем и Барселона постигнале договор, па „спарси“ за потписот на Португалецот ќе платат 30 милиони евра.

Се очекува после одигрувањето на последното коло во Премиер лигата трансферот и официјално да биде потврден.