Тостер, бензинска пумпа, Ламборгини – на што фудбалските ѕвезди ги потрошиле првите пари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познат е фактот дека фудбалерите заработуваат најмногу во светот на спортот.

Освен огромните износи кои како плата им ги исплаќаат нивните клубови, тие добиваат сериозна сума и од спонзорите.

Но, ниту еден од најпознатите фудбалери не се родил во богато семејство (барем не во раскош каков што имаат денес). Во продолжение може да прочитате на што дел од познатите фудбалери ги потрошиле првите пари.

Касемиро

Играчот за врска на Реал Мадрид и бразилската репрезентација во Реал неделно заработува околу 50.000 илјади евра, а првата плата ја добил во Сао Паоло. Тој со тие пари го купил млечниот напиток „Јакуит“, бидејќи претходно немал пари за такво нешто.

Серхио Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити играше во Индепендиенте и Атлетико, но таму не заработуваше како денес во Сити. Со првата посериозна сума во Манчестер, напаѓачот си купил луксузно Ламбурџини.

Арда Туран

Легендарниот турски репрезентативец ги заштедил првите плати и на неговиот татко му купил бензинска пумпа во Инстанбул.

Чави

Еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња и легендарен фудбалер на Барселона, Чави од првата плата на својата мајка и купил тостер.

Едисон Кавани

Фудбалерот на ПСЖ купил ранч од 1.367 метри квадратни во родниот Уругвај каде што го минува слободното време со пријателите и семејството

Диего Годин и Диего Лугано

Легендарните репрезентативци на Уругвај заедно започнале бизнис. Купиле уругвајска компанија за производство на цименто.

Герет Бејл

Ѕвездата на Реал Мадрид како прва инвестиција купил кафуле во Велс.

Кристиано Роналдо

Напаѓачот на Јувентус е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, а само самото тоа и еден најплатените. Таткото на Роналдо починал од прекумерно конзумирање на алкохол кога тој бил многу млад, па него го одгледала неговата мајка. Поради тоа со цел да и се заблагодари првата плата и ја поклонил токму неа.