Home Актуелно Торнбери: Армијата на САД е спремна за војна со Северна Кореја

Торнбери: Армијата на САД е спремна за војна со Северна Кореја

Армијата на Соединетите Американски Држави прави сериозни подготовки за воен судир со Северна Кореја, порачува републиканскиот сенатор Мак Торнбери кој е на претседателското место од комисијата за вооружените сили на Претставничкиот дом на САД.

“Администрацијата многу сериозно ги разгледува воените опции што би можеле да се користат во однос на Северна Кореја”, изајвил тој пред неколкумина новинари. Тој додал дека воените вежби се сериозни а војската прави подготовки во таа насока. Сепак, сенаторот се надева дека нема да биде неопходно овие подготовки да се користат на терен.

Американксиот министер за одбрана Џим Матис исто така изјави дека напорите се решавање на кризата со Северна Кореја мораат да бидат дипломатски но сепак додаде дека Пентагон е подготвен за секоја ситуација.

САД и сојузниците се сретнаа вчера во Ванкувер во Канада во обид да ги зајакнат санкциите кон Пјонгјанг. На овој состанок не дојдоа Русија и Кина на кои идејата за посилни санкции не им се допаѓа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…