Топол вторник со сонце и малку облаци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 9 и дневна до 28 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планиските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови кои ќе условат пороен дожд со грмежи.